Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Информации за повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Бугарија

2025-03-20

Информации за повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Бугарија

Црвениот крст на Бугарија ќе овозможи транспорот, сместување, психосоцијална поддршка и друг вид на помош за членовите на семејството на повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Бугарија.

Информации за помош може да се добие преку контакт телефонот на Бугарски Црвен крст: (+359) 02 492 30 40 и Црвен крст на Република Северна Македонија: (+389) 71 341 985.

Информации за хоспитализираните лица може да се добие со јавување во Министерството за здравство на Република Бугарија: (+359) 02 805 03 00.